Connect with us

Несторовски го продолжи договорот со Славен Белупо

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски го продолжи договорот со Славен Белупо и ќе остане во тимот од Копривница, кој се натпреварува во Хрватска до јуни 2026 година.

Поранешниот македонски репрезентативец по потпишувањето на новиот договор изрази големо задоволство за официјалниот сајт на клубот.

„Среќен сум што се договоривме за нова соработка, бидејќи во Копривница се чувствувам како дома. Во клубот владее семејна атмосфера, и кога ми беше понуден нов договор, не се двоумев ни минута. Дури и не го прочитав договорот, веднаш потпишав. Среќен сум што ќе продолжам да бидам дел од овој клуб“, истакна Несторовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови