Удинезе испушти победа против Милан на „Сан Сиро“ играјќи 1-1, а „росонерите“ се спасија од пенал во 97.минута. Пеналот го реализира Франк Кеси.
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го одигра целиот меч и беше еден од најдобрите играчи во гостинскиот тим. Стрелец на голот за Удинезе беше Родриго Бекао во 68.минута на асистенција на Де Пол, но гостите не издржаа до самиот крај.
Сега Милан има три бода негатива во однос на Интер, а „нероаѕурите“ имаат и меч помалку на врвот на табелата.
Горан Пандев ги одигра последните дваесетина минути од градското дерби меѓу Џенова и Сампдорија кое заврши без победник. Запакоста донесе предност за Џенова, а израмни Тонели.
Рома успеа да слави триумф (1-2) на гости против Фиорентина, а Аталанта беше убедлива против Кротоне (5-1).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо со новите два гола го надмина Лео Меси

Евро-фудбал
Арсенал еден месец ќе биде без Салиба

Евро-фудбал
Нагелсман: Не стравувам дека ќе добијам отказ

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски
