
Хет-трикот на Винисиус Жуниор против Барселона во Суперкупот на Шпанија го врати Бразилецот на насловните страници. Според „Дефенса централ“, Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 150 милиони евра за левото крило на „кралевите“.
Сумата е речиси трипати поголема од онаа што Реал ја плати за него пред шест сезони.
Винисиус Жуниор не е за првпат во плановите на „црвените ѓаволи“. Го сакаа во 2017 година кога сѐ уште беше во Фламенго, но тој избра да замине во Мадрид.
Идниот акционер на Манчестер Јунајтед – Сер Џим Ретклиф, не ги крие своите амбиции да ја врати славата на клубот и нема да штеди финансии. А за тимот повторно да почне да освојува трофеи, потребни се нови играчи од врвна класа како Винисиус Жуниор.
Сепак, Реал Мадрид ја има осигурано својата најголема ѕвезда на една милијарда евра. Толку е клаузулата што треба да се плати за предвремен раскин на договорот. Сѐ останато е во сферата на интерес на Флорентино Перез и неговото размислување дали би било добро да го продаде Винисиус Жуниор за да го купи Килијан Мбапе на лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
