
Фудбалската репрезентација на Холандија доби неочекуван удар непосредно пред пријавувањето на конечиот список за Европското првенство. Од составот на селекторот Франк де Бур отпадна првиот голман Јеспер Силесен. Тој заболе од Ковид-19 и де Бур не сакаше да ризикува, па го изостави од списокот.
Сега Тим Крул ќе биде прва голман на Холанѓаните на Европското првенство, а тука се и Мартин Стекеленбург и Марк Бизот кој влезе на местото на Силесен.
Македонија ќе ги одмери силите против Холандија на 21 јуни во Амстердам, во третиот меч од групната фаза на Европското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
