
Во финалето на Копа Америка на 11 јули силите ќе ги одмерат репрезентациите на Аргентина и на Бразил. Тоа ќе биде голем дуел на големите пријатели, Лионел Меси и Нејмар.
Бразилците стигнаа до борбата за трофејот со победа од 1-0 против Перу, додека Аргентинците им се придружија по драматичниот натпревар со Колумбија.
Најдобриот бразилски фудбалер Нејмар пред финалето на Копа Америка со Аргентина вели дека заборава на пријателството со Меси.
„Меси е, како што секогаш велев, најдобриот играч што сум го видел, тој е мој голем пријател, но сега сме во финалето и сме ривали. Сакам да победам, тоа би бил мојот прв трофеј во Копа Америка. И Меси веќе долго време ја бара првата титула со националниот тим – секогаш кога не сме таму, навивав за него. На пример, во финалето на СП 2014 со Германија. Сепак, сега Бразил е во игра и го оставаме пријателството на страна. Тешко е да заборавите на тоа да бидете пријатели со некого, но дури и кога играте против вашиот пријател, сакате да победите. Така ќе биде и во ова финале“, изјави Нејмар.
Бразил е бранител на титулата, но Нејмар тогаш не беше во тимот поради повреда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП лесно го освои Чаир

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе
