Македонија ЃП ја оправда фаворитската улога и со сигурни 0-2 го совлада Шкупи на „Чаир“ во седмото коло од ПМФЛ.
Гостите од Ѓорче Петров уште во воведните минути ја покажаа надмоќта – Осеи во четвртата минута ја затресе мрежата, а Христов од пенал во 40. минута ја удвои предноста. Со таа разлика „лавовите“ заминаа на одмор.
Во продолжението темпото падна. Шкупи се обидуваше преку капитенот Сухељ Мухарем да внесе енергија, но без вистинска поддршка од соиграчите. Единствено двапати сериозно се заканија, додека Македонија ЃП имаше уште неколку добри можности да ја зголеми предноста.
Конечните 0-2 ја зацементираа третата победа сезонава за гостите, додека чаирчани остануваат на дното без ниту еден освоен бод.
Во следното коло Шкупи гостува кај Арсими, а Македонија ЃП патува во Кавадарци на дуел со Тиквеш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија до 16 години ќе одигра два контролни натпревари против Летонија













