Connect with us

Нејмар поради повреда ќе паузира до крајот на годината

Нејмар нема да игра до крајот на 2025 година, објави „Глобоеспорте“. Бразилскиот напаѓач доби повреда на менискусот на левото колено, и сè укажува дека ќе го пропушти остатокот од сезоната.

„Десетката“ на Сантош се жалеше на болки во левото колено уште од натпреварот против Мирасол на 19 ноември на „Вила Белмиро“. Како претпазливост, тој беше поштеден од дуелот против Интернасионал минатиот понеделник во Порто Алегре.

Оваа пауза следи по серија од три последовни натпревари за напаѓачот на Сантош – победата над Палмеирас, поразот од Фламенго и ремито против Мирасол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови