Connect with us

Нејмар нема да се опорави ниту за осминафиналето

Големата бразилска ѕвезда Нејмар веројатно нема да се опорави од повредата на зглобот на време за да настапи во осминафиналето на Светското првенствo. Напаѓачот доби повреда на мечот со Србија, поради што го пропушти натпреварот со Швајцарија.


Нејмар ниту утре нема да игра против Камерун, но овој натпревар е од мало значење за Бразилците, бидејќи веќе знаат дека обезбедија пласман во нокаут фазата и речиси сигурно ќе завршат како победници во групата.


Според „ТНТ Спортс“, Данило, кој заработи слична повреда на Нејмар на мечот со Србија, има шанса да се врати во осминафиналето, додека Нејмар и Алекс Сандро се уште не се доволно опоравени и продолжуваат да се лекуваат.


Осминафиналето на Бразил е закажан за в понеделник, 5 декември.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови