Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар ја заврши својата финансиски исплатлива, но играчки неуспешна, авантура во Саудиска Арабија и договори враќање во својот матичен клуб Сантош.
Веста дека Нејмар се враќа во Сантош дојде како „гром од ведро небо“. Иако беше познато дека ќе го напушти Ал-Хилал и Саудиска Арабија, многумина очекуваа дека ќе стане нов играч на Интер Мајами, каде што го повикуваа неговите поранешни соиграчи од Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез. Сепак, Нејмар одлучи да го послуша своето срце и волјата на навивачите, па се врати во Сантош. Потврдата за трансферот се очекува наскоро.
Иако во медиумите често се пишуваше за неговата огромна заработка во Саудиска Арабија, специјализираниот сајт „Capology“ откри неверојатни податоци за неговата плата во текот на 2024 година.
Минатата година, поради повреда на лигаментите, Нејмар одигра само два натпревари и помина 42 минути на теренот. За тоа време, заработил 101 милион евра. Тоа значи дека Нејмар инкасирал 50,5 милиони евра по натпревар или 2,4 милиони евра по минута игра. Интересно, за секој допир со топката во таа година заработил 1,1 милион евра.
Во Сантош, каде што ја започна својата кариера и го привлече вниманието на светот со својата фудбалска магија, ќе добива значително помала плата. Финансиските стандарди на клубовите од Саудиска Арабија не се споредливи со оние на бразилските клубови. Сепак, за навивачите на Сантош, враќањето на Нејмар претставува емотивен момент, без разлика на тоа што тој подолго време беше отсутен од терените.
Додека Сантош чека зелено светло од Ал-Хилал за официјализација на позајмицата, враќањето на Нејмар во дресот на неговиот матичен клуб ќе биде настан што со нетрпение ќе го следи целиот свет.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal