Connect with us

Нејмар е ослободен од сите обвиненија за трансферот од Сантош во Барселона

Шпанското обвинителство денеска ги отфрли сите обвиненија за корупција и измама против бразилскиот фудбалер Нејмар, на судењето што се одржуваше во Барселона поради наводна злоупотреба при неговиот трансфер од Сантош во Барселона во 2013 година.


Обвинителот најави „повлекување на обвиненијата за сите обвинети и за сите предмети“.

Обвинителството првично бараше две години затвор и парична казна од 10 милиони евра за напаѓачот на Пари Сен Жермен.

Во овој случај, покрај 30-годишниот фудбалер, обвинети се и неговите родители, двајцата поранешни претседатели на Барселона, Сандро Росел и Хосеп Марија Бартомеу, како и поранешниот претседател на Сантош, Одилио Родригез Фиљо.

Постапката беше покрената во 2015 година од бразилската инвестициска компанија „ДИС“, која беше носител на 40 отсто од правата на тој играч.

Сантош за трансферот добил 17,1 милиони евра, а на таа компанија и биле исплатени 6,8 милиони евра. Тие го започнаа правниот процес со тврдењето дека Барселона, Нејмар и Сантош се договарале да ја прикријат вистинската сума на трансферот.

Барселона го процени трансферот на бразилскиот играч на вкупно 57,1 милиони евра.
Нејмар се пресели од Барселона во ПСЖ во 2017 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови