Навивачите на ПСЖ се надеваа дека Нејмар ќе може да се опорави пред реваншот против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, но сега дефинитивно е јасно дека тоа нема да биде така.
Натпреварот во Минхен е закажан за 8 март, а тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, нема да може да смета на услугите на Бразилецот.
„Нејмар нема да биде достапен за следните два натпревари. Тој е еден од најдобрите стрелци и асистенти во Лига 1 и тоа е голема загуба за нас“, изјави Галтие.
На првиот натпревар одигран во Париз, Баерн Минхен победи со 0-1 со голот на Кингсли Коман.
Галтие сега мора да се потпре на она што го има и да се обиде да ги спаси работите. Јасно е дека ќе имаат многу тешка задача на „Алијанц арена“ и не треба да чуди доколку ПСЖ повторно го напушти натпреварувањето во рана фаза.
Нејмар оваа сезона одигра 20 натпревари во Лига 1 и постигна 13 гола со 11 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













