Connect with us

Нејмар: Бев пијан, затоа одиграв толку добро

Смртоносното напаѓачко трио на ПСЖ, Нејмар – Лео Меси – Килијан Мбапе одигра на високо ниво на дуелот против Лориен кој „светцоте“ го добија со 5:1, Меси постигна еден гол, Мбапе два гола зачинети со три асистенции, а Бразилецот Нејмар исто така беше двоен стрелец.


Посебно привлечен беше неговиот втор гол за конечни 5:1 во 90. минута. Нејмар ја прими топката во своето поле половина, ги измеша одбранбените играчи, одигра двојно додавање со Мбапе и го постигна својот седми гол сезонава.

Потоа тој сподели видео од неговиот гол со зборовите: „Ова функционираше затоа што бев пијан… Како што би рекле овде“.

Француската фудбалска јавност упати огромни критики за Нејмар и го истакна тоталниот колапс на соблекувалната на ПСЖ по испаѓањето од Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Посебно беше критикуван Нејмар кој наводно имал непрофесионален пристап и на тренинзите доаѓал во алкохолизирана состојба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови