Connect with us

Нејмар: Анчелоти сигурно ќе нѐ научи многу работи

Ѕвездата на бразилската репрезентација, Нејмар, директно проговори и за претстојното назначување на Карло Анчелоти за нов селектор на “селесао“. Јужноамериканците планираат да го ангажираат тренерот по истекот на договорот со Реал Мадрид во летото 2024 година.


„Анчелоти? Бразил ќе ја има привилегијата да има странски селектор за првпат во историјата. Анчелоти е човек кој освои сѐ. Сигурно ќе нѐ научи на многу работи“, изјави Нејмар во интервју за „Бенд Спортс“.

Се очекува до доаѓањето на италијанскиот стратег Бразил да има привремен селектор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови