
Поранешниот македонски репрезентативец, Ндерим Неџипи, е нов спортски директор на турскиот второлигаш, Маниса. Тој досега беше спортски директор на косовскиот тим Балкани.
„Среќен сум што сум тука. Би сакал да му се заблагодарам на нашиот претседател и на нашето раководство за можноста која ми ја даде. Сакаме да креираме тим кој ќе игра за титулата. Многу години го следам турскиот фудбал. Дојдов тука за да освоиме нови работи. Ќе направиме се за да ја однесеме Маниса во Суперлигата. Минатата сезона освоив два трофеи со Балкани и игравме добро во Европа. Сакам да го продолжам тој успех и во Маниса“, изјави Неџипи за официјалниот сајт на Маниса.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ламин Јамал се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Тунис на доминантен начин стигна до СП 2026

Евро-фудбал
Нов проблем за Барса, се повреди и Феран Торес

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
