
Откако рече дека сака Дејвид Бекам да се смири и да се ослободи од тоа што ја повредил неговата сопруга, Ребека Лос ја обвини фудбалската ѕвезда дека игра на картата на жртва кога зборуваше за нивната наводна афера во документарецот за Бекам.
„Разбирам дека тој има слика што мора да ја зачува, но тој се прикажува себеси како жртва и прави сѐ за да изгледам како лажга, како да сум ги измислувала овие приказни“, изјави таа за „Дејли Мејл“.
„Сето тоа изгледа како да се претставува како – “кутриот јас”. Тој мора да ја преземе одговорноста”, додала таа, коментирајќи го моментот кога Дејвид зборувал за наводната афера.
„Искрено, не знам како поминавме преку тоа. Викторија ми значи сѐ. Тоа што ја гледам како повредена беше неверојатно тешко, но и двајцата сме борци. Моравме да се бориме еден за друг и за нашето семејство. имаше вредеше да се бориме“, рече тој во документарецот.
Имено, Ребека Лос смета дека со тие зборoви Дејвид „индиректно сугерира“ дека таа е таа што ја „повредила Викторија“, а 46-годишната поранешна манекенка уште еднаш изјавила дека аферата навистина се случила.
„Да, приказните беа ужасни, но тие се вистинити. Тој во документарецот зборува за тоа дека во крајна линија е негов приватен живот, го чува за себе. Мислам дека едно е да го чуваш приватниот живот за себе, друго е да ја доведе јавноста во заблуда“, коментира таа.
Да потсетиме, аферата наводно се случила додека Бекам настапувал за шпански Реал Мадрид. Во едно интервју од 2004 година, поранешниот модел тврдеше дека имале афера зад грбот на неговата сопруга Викторија, но фудбалерот ја негираше аферата и продолжи со животот.
Денес Ребека Лос работи како медицински асистент и живее во Норвешка и има два сина со норвешкиот лекар Свен Кристјар Скаја. Таа објасни дека единствената причина поради која решила да го коментира документарниот филм е тоа што чувствувала потреба да се брани.
„Имам семејство и деца, кои исто така имаат Гугл и можат да гледаат и документарни филмови. И сакам да знаат дека нивната мајка беше доволно храбра да застане и да се заложи за вистината“, рече таа.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Саудиска Арабија ќе сфати дека фудбал не се прави само со пари
Саудиска Арабија е богата со пари и амбиции. Престолонаследникот Мохамед бин Салман вели дека...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Калјари со луд пресврт го победи Сасуоло (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Рома ќе мора без Дибала на наредните два меча

Интернационалци
Дени Илиев заминува од Хелсинки

Евро-фудбал
ПСЖ ја пронајде замената за Мбапе

Прва лига
Почина поранешен фудбалер на Шкендија

Прва лига
Бојан Круљ е новиот тренер на Брера

Евро-фудбал
ПСЖ ја пронајде замената за Мбапе

Евро-фудбал
Артета бесен на судењето: „Јасно и очигледно“

Евро-фудбал
Калјари со луд пресврт го победи Сасуоло (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид подобар од Алмерија (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна и Арсенал (ВИДЕО)
