
Навивачката група на Шкендија, „Балистите“, се огласија по неуспехот на клубот на европска сцена. Шкендија забележа четири порази во четири натпревари и експресно беше елиминирана од Мура во квалификациите за ЛШ и од Рига во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
По ова, на удар се тренерот Ернест Ѓока и дел од фудбалерите кои, според „Балистите“, не заслужуваат да го носат дресот на Шкендија.
„Ова е реакција после настапот на нашиот омилен тим во Европа. Ова е недозволиво, резултатите и не се толку важни, колку очајната игра на Шкендија. Бараме заминуваме на Ернест Ѓока и на некои фудбалери кои не заслужуваат да го носат дресот на Шкендија. Ако не си заминат, ние ќе почнеме со бојкот на настапите на клубот“, велат „Балистите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski