Connect with us

„Наполитански“ нокаут за Ливерпул, Баерн со песна си оди од Милано (ВИДЕО)

Ливерпул доживеа нокаут на стартот на Лигата на шампионите. Англискиот клуб е декласиран на гости во Неапол со 4-1 и полека можеби се тресе и столчето на Јирген Клоп, со оглед дека Ливерпул почна лошо и во Англија.


Зиелински го отвори резултатот со гол од пенал во петтата минута, а Ангуиса зголеми на 2-0. Осимен не искористи пенал, а до крајот на првиот дел стрелаше и Џовани Симеоне.


Зиелински во второто полувреме уште еднаш се запиша во листата на стрелците, а Луис Дијаз го постигна единствениот гол за Ливерпул.


Елиф Елмас доби шанса во 74.минута на местото на двојниот стрелец Зиелински.


Баерн Минхен го победи Интер во Милано со 0-2, а најдобар кај Интер беше голманот Андре Онана. Лирој Сане постигна погодок, а потоа Данило Д’Амбросио си постигна автогол.
Клуб Бриж го доби дуелот со Баер Леверкузен со 1-0, со голот на Абакар Сила.


Атлетико Мадрид во неверојатен меч славеше против Порто (2-1). Марио Хермосо даде гол во 93.минута, а Порто израмни од пенал во 97.минута. Но, Антоан Гризман даде победнички гол во 101.минута.


Барселона на „Камп Ноу“ го декласира Плзен со 5-1. Хет – трик постигна Роберт Левандовски, серијата голови ја отвори Франк Кеси, а ја затвори Феран Торес. Голот за Плзен беше дело на Јан Сикора.


Тотенхем го победи Олимпик Марсеј во Лондон со 2-0. Мбемба доби црвен картон на почетокот на вториот дел, а тоа го искористи Ришарлисон и со два гола во 76. и во 81.минута донесе триумф.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови