Connect with us

Наполи во преговори со Игор Тудор и со Валтер Мацари

Наполи е во потрага по нов тренер на местото на Руди Гарсија. Актуелниот шампион во Серија А веќе заостанува 10 бода зад лидерот Интер по 12 кола оваа сезона, а на Гарсија ќе му пресуди шокантниот пораз на домашен терен од Емполи (0-1) минатиот викенд.


Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис го сведе изборот на две имиња, Игор Тудор или Валтер Мацари.

Италијанските медиуми пишуваат дека преговорите меѓу Де Лаурентис и искусниот стручњак Мацари се во тек. Во Наполи сакаат да доведат тренер кој би прифатил договор до крајот на оваа сезона, на што е подготвен Мацари, додека Тудор не се откажува од барањето да потпише договор до крајот на следната сезона.

Мацари (62) веќе го водеше Наполи од 2009 до 2013 година и со него го освои Купот на Италија во 2012 година, а една година подоцна заврши на второто место во првенството. Потоа ги тренираше Интер, Вотфорд, Торино и Калјари, а невработен е од мај минатата година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови