Италијанскиот шампион Наполи се поврзал со претставниците на напаѓачот на Генк, Толу Арокодаре, за можноста да го ангажира, јавуваат медиумите на Апенините. Како што е познато, „партенопеите“ бараат засилување на напаѓачката позиција по тешката повреда на Ромелу Лукаку, а веќе се шпекулираше за нивен интерес кон Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед.
Лукаку може да отсуствува три месеци.
Цената на Арокодаре изнесува околу 25 милиони евра, а договорот со Генк му важи уште две години. Во јануари 2023 година, неговиот сегашен клуб плати 5 милиони евра на Амиен за да го има во својот состав. Оттогаш, 24-годишниот играч постигна вкупно 41 гол и 12 асистенции во 112 натпревари за тимот.
Во минатата сезона, нигерискиот репрезентативец заврши како водечки стрелец во белгиското првенство со 17 погодоци на 30 натпревари, а во новата сезона има еден гол на четири натпревари. Претходно ова лето, тој беше поврзуван и со два други италијански клуба, Милан и Аталанта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













