Connect with us

Наполи подготвува нов договор за Спалети

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, е подготвен да го продолжи договорот со тренерот Лучијано Спалети. Првиот човек е воодушевен од работата на 63-годишниот стратег и сака да го задржи долго на стадионот „Диего Марадона“.


Актуелниот договор на тренерот е до летото 2023 година, но има клаузула за автоматско продолжување на уште една година, која се чини дека ќе биде активирана.


Спалети пристигна во Наполи минатиот јули на местото на Џенаро Гатузо. Веќе во првата сезона под негово водство тимот се претстави одлично и до крајот беше во борба за скудетото, иако на крајот заврши на третото место на табелата.

Сега повторно „наполитанците“ имаат одлична сезона, први се во Серија А, а беа фантастични и во групната фаза од ЛШ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови