
Наполи е лидер на табелата во Серија А со осум бода повеќе од второпласираниот Милан и има историска можност да ја врати титулата под Везув по повеќе од 30 години, уште од времето на легендарниот Диего Армандо Марадона.
Во Неапол бараат засилувања, а како што пренесуваат италијанските медиуми, сериозно ја започнале кампањата за потпис на Мароканецот Азедин Унахи.
22-годишниот централен играч за врска е член на францускиот Анже, а моментално е проценет на 15 милиони евра. Тој ги импресионираше сите на Светското првенство во Катар, каде заедно со својата репрезентација стигнаа до четвртото место.
Ривал за потписот на Наполи ќе биде Олимпик Марсеј, кој нуди 25 милиони евра, но италијанскиот тим ќе направи сѐ за да го доведе Унахи во тимот на Лучијано Спалети, кој веќе има млади таленти во форма на Осимен и Кварачкелија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
