
Наполи се активира на трансфер пазарот со желба да ја зајакне екипата која неодамна ја прослави титулата шампион на Италија. Според италијанските медиуми, клубот му понудил на Кевин де Бруин тригодишен договор вреден вкупно 27 милиони евра.
Белгискиот репрезентативец има договор со Манчестер Сити кој истекува на 30 јуни, што значи дека би можел да премине во Наполи како слободен играч, без да се плати обештетување. За Де Бруин се интересира и клубот од МЛС лигата, Чикаго Фаер, како и неколку богати клубови од Саудиска Арабија.
Кевин де Бруин сака да остане во Европа и по десетгодишната успешна кариера во Манчестер Сити. Тој пристигна во 2015 година од Волфсбург за рекордни 75 милиони евра. Од тогаш одигра 421 натпревар, постигна 107 голови и асистираше за уште 177.
Со Сити освои шест титули во Премиер – лигата, една Лига на шампиони, два ФА купа и пет Лига купа. Двапати беше прогласен за најдобар играч на сезоната од Премиер – лигата и од Здружението на професионални фудбалери, а петпати беше избран во тимот на сезоната во Англија.
Ако се реализира трансферот во Наполи, тоа би бил еден од најголемите потези на клубот во последните години.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
