Connect with us

Наполи на Елмас игра шампионски фудбал: Јуве прегазен со 5-1 (ВИДЕО)

Наполи го декласира Јувентус во дербито на стадионот „Диего Армандо Марадона“ со 5-1 и се зацврсти на врвот на табелата во Серија А. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра второто полувреме и се запиша во листата на стрелците во 72.минута, постигнувајќи го петтиот гол за „наполитанците“.

Виктор Осимен го отвори резултатот во 14.минута, а Квича Кварацкелија зголеми на 2-0 во 39.минута.

Надежта за Јувентус ја врати Анхел Ди Марија со голот во 42.минута.

Сепак, во вториот дел тотална доминација на Наполи. Рахмани во 55.минута зголеми на 3-1, Осимен го постигна својот втор гол во 65.минута, а Елмас стави точка на неверојатниот триумф.

Јувентус по цели 30 години доживеа толку убедлив пораз во Серија А.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови