Connect with us

Наполи на Елиф Елмас го израмни рекордот на Наполи на Диего Марадона

Наполи продолжува да „гази“ во Серија А. Најнова жртва е Рома која синоќа падна на „Олимпико“ со голот на Виктор Осимен.


Голот на Нигериецот донесе триумф (0-1) со кој овој тим на Наполи, чиј член е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, го израмни рекордот на тимот што го постигна најдобриот фудбалер во историјата на клубот, Диего Марадона.

Наполи стигна до 11. последовна победа, а тоа на клубот од Неапол му успеало само еднаш во историјата откако победуваше се по ред од април до септември 1986 година.

До крајот на таа сезона (1986/87), тимот предводен од Диего Марадона ја освои првата титула на клубот и всушност се закити со двојна круна. Дали и оваа сезона ќе биде шампионска за Елиф Елмас и соиграчите?

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови