Италијанскиот калчолигаш Наполи го претстави новиот шеф на стручнот штаб Лучијано Спалети. Тој ќе биде нов тренер на Елиф Елмас, вели дека го чека на разговор Лоренцо Инсиње по Европското првенство, а сака да остави белег во Неапол.
„Горд сум што ќе го предводам Наполи, тоа е голем клуб и имаме одличен тим. Мислам дека е по мој вкус, а јас низ работата секако ќе ставам свој печат. Се слушнав со Лоренцо Инсиње, му честитав за пласманот во финалето и за убавиот гол против Белгија, а треба да разговараме за иднината во Наполи. Едвај чекам да почнеме со работа, оптимист сум и сакам да оставам белег овде во Неапол. Верувам дека ќе бидеме силни и дека ќе се бориме за највисок пласман во Серија А. Не ја потценувам ниту Лигата на Европа, ќе играме со многу ентузијазам на сите фронтови“, изјави Лучијано Спалети.
Елмас го доби третиот стратег откако е во Наполи. Дојде во периодот на Анчелоти, потоа работеше и со Гатузо, а сега ќе соработува со Спалети.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski