Connect with us

Наполи го прескокна Милан и ја продолжува трката за „скудетото“ (ВИДЕО)

Наполи продолжува да го живее својот шампионски сон, освојувајќи три важни бода во дербито против Милан со победа од 2-1.

Домаќините максимално ги искористија своите шанси, а гостите не му направија услуга на градскиот ривал Интер.

Резултатот беше отворен во втората минута преку Матео Политано, кој одлично ја искористи асистенцијата од Џовани Ди Лоренцо. Во 19. минута, Ромелу Лукаку ја зголеми предноста, постигнувајќи јубилеен 400-ти гол во својата кариера.

Милан доби шанса да се врати во игра во 69. минута преку пенал, но Алекс Мерет го одбрани ударот на Хименез. Гостите сепак најдоа начин да се вратат во 84. минута, кога Лука Јовиќ ја затресе мрежата. Сепак, „росонерите“ не успеаја да стигнат до израмнување.

Со оваа победа, Наполи останува на второто место со 64 бода, три помалку од лидерот Интер (67). Милан се наоѓа на деветтата позиција со 47 бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови