
Актуелниот шампион Струга Трим Лум и најтрофејниот македонски клуб Вардар денеска (14 часот) крај езерото го отвораат 20.коло од Првата фудбалска лига. Двете екипи загубија на стартот на пролетта, па оттаму овој дуел е уште позначаен, и за стружани и за вардарци. Едните да се вклучат во трката за одбрана на тронот, а другите за да се извлечат од дното на табелата.
„Натпреварите против Вардар секогаш се поинакви за мене и со нетрпение очекувам да се соочам со нив. Како професионалци, даваме сè од себе на секој натпревар, но на вакви дерби-дуели трошиме и последен атом од силите. Верувам дека така ќе биде и сега“, изјави Бесарт Кривањева, дефанзивецот на Струга ТЛ.
„На овој натпревар треба да пристапиме со многу смиреност и мудрост, бидејќи овој пролетен Вардар не е истиот од есенскиот дел на сезоната. Затоа верувам дека ќе дојде до израз професионализмот и искуството на играчите што ги имаме во тимот и дека сите заедно ќе се бориме како едно, за на крај да ги израдуваме нашите навивачи на првиот натпревар во 2025 година што ќе го играме во Струга“, додаде Кривањева.
Во првиот меѓусебен дуел оваа сезона, кој се одигра во Скопје, Струга Трим Лум славеше убедлива победа од 1-4, но тоа беше еден сосема поинаков тим на Вардар.
Вардарци дадоа силен отпор против Шкендија на арената „Тодор Проески“, но загубија со 1-2.
Останатите натпревари од 20.коло во Првата фудбалска лига се играат утре.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 20.КОЛО
СТРУГА ТЛ – ВАРДАР (денеска, 14 часот)
РАБОТНИЧКИ – ВОСКА СПОРТ (утре, 14 часот)
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
БЕСА – ГОСТИВАР
БРЕРА – ШКУПИ
ТИКВЕШ – ПЕЛИСТЕР

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
