Во Реал Мадрид, неколку фудбалери не се согласуваат со тренерските методи на Чаби Алонсо, што со денови привлекува внимание на медиумите во Шпанија. Моменталната состојба во соблекувалната е напната, а тоа се забележува и на терен – играчите не вршат пресинг како порано и не делуваат поврзано со стратегијата на тренерот, објави „Коп“.
„Незадоволните играчи се Винисиус, Валверде, Родриго, Брахим Дијаз, Ендрик, Менди… Задоволни? Хаусен, Карерас, Куртоа, Ѓулер и Мбапе“, објавија во емисијата El Partidazo de COPE. Нагласено е дека незадоволните се многу повеќе од задоволните, но не ги открија сите имиња, бидејќи некои, како што велат, „се некаде помеѓу“.
Чаби Алонсо и неговиот стручен тим мораат брзо да ја обединат соблекувалната пред претстојните натпревари. Ако продолжат киксовите, голема е можноста клубот да размислува за смена на тренерот.
Во Реал сѐ уште го поддржуваат Алонсо и тој останува прв избор, но во клубот најважно е да се освојуваат победи, а никој не сака повторување на минатата сезона. Без поврзаност и натпреварувачки дух, нема смисла да се губат бодови уште на почетокот.
Сепак, Алонсо и неговиот тим веруваат дека можат да ја променат сезоната во позитивна насока. Иако некои клучни играчи се во лоша форма, Реал сѐ уште е на врвот во Ла Лига и меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите. Сè уште има време да се спаси сезоната и да се бори за сите трофеи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













