
Шкендија чекори кон одбраната на титулата, а оваа сезона доби и нов млад адут во Омар Имери. Тој постигна хет – трик на дуелот против Шкупи и сериозно се наметнува кај тренерот Ќатип Османи. Со одличната игра и трите постигнати гола, тој го заслужи епитетот најдобар фудбалер за 31.коло во Првата лига, во изборот на МАКФУДБАЛ.
„Секогаш е инспирација да се игра во дресот на Шкендија и среќен сум што остваривме убедлив триумф, а јас постигнав хет – трик. Благодарен сум и за изборот на МАКФУДБАЛ, тоа секако е дополнително признание за мојот добар настап. Ќе ми биде и голема мотивација да продолжам во ист стил и на наредните натпревари. Се надевам дека многу брзо ќе ја официјализираме новата шампионска титула и дека на нашите фанови ќе им приредиме вистинско шоу“, изјави Омар Имери.
Шкендија во следното коло ќе му гостува на Работнички во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
