Џулијан Нагелсман е новиот селектор на Германија. Тој ќе го наследи Ханси Флик, кој доби отказ по поразот на пријателскиот меч од Јапонија.
Ова ќе биде прва работа за Нагелсман по отказот од Баерн во март. Тој за девет месеци ќе ја води Германија на Европското првенство на кое земјата ќе биде домаќин.

„Тоа е нешто посебно, нешто што се случува на секои неколку децении. Ова е голем предизвик, но имав огромна желба да ја преземам репрезентацијата. Ќе дадам сѐ од себе за да постигнам добар резултат”, изјави Нагелсман, чии помошници ќе да бидат Сандро Вагнер и Бенџамин Глик.
Нагелсман потпиша десетмесечен договор и според него ќе заработи околу четири милиони евра.
На клупата на Германија ќе дебитира на 14 октомври на пријателскиот натпревар против САД.
Младиот тренер со Баерн ја освои Бундес-лигата и два Суперкупа, а со Лајпциг освои еден Куп.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













