Connect with us

На Лукас Хернандез му се заканува затвор до една година, во Баерн не знаеле ништо

Лукас Ернандез е повикан од судот во Мадрид и ќе биде испратен во затвор по негов избор. Фудбалерот на Берн Минхен кој пред неколку дена ја освои Лигата на нации со Франција, мора да пристигне во шпанската престолнина во рок од 10 дена, а му се заканува затворска казна до една година.

Случајот датира од 3 февруари 2017 година, кога Лукас беше уапсен за напад врз неговата сопруга Амелија де ла Оса Љоренте среде улица. Тогаш, судот во Мадрид ги осуди и двајцата на 31 дена општокорисна работа и им наоложи забрана за приближување од шест месеци. Сепак, и покрај тоа, брачните сопружници отишле заедно на меден месец. Кога се вратија од Мајами, дефанзивецот беше повторно уапсен, овој пат за кршење на забрана, но потоа беше ослободен.

Подоцна, судот прогласи дека Лукас треба да одлежи една година затвор како казна. Адвокатите на Французинот побараа суспензија на затворскиот рок и замена со општествено корисна работа, но тоа беше одбиено бидејќи тој претходно не ја изврши налоќената општествено корисна работа во рок од 31 ден.

Шпанските медиуми тврдат дека неговиот акутелен клуб, Баерн Минхен немал никакво знаење за ова се до октомври, иако играчот евклучен во судската битка веќе четири години. Треба да се напомене дека новата наложена затворска казна не е за семејна злоупотреба, туку за прекршување на забраната за приближување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови