
Италијанската фудбалска федерација го обвини Јувентус и седуммина поранешни и сегашни директори на клубот за „измама со плата“, што создава нови ризици за „старата дама“, пишува „Газета дело Спорт“.
Раководните лица на клубот од Торино кои би можеле да бидат санкционирани од фудбалските власти се Андреа Ањели, Павел Недвед, Фабио Паратичи, Федерико Черубини, Џовани Мана, Паоло Морганти и Стефано Брагин. Поконкретно, нивните имиња се додадени со прекршување на член 4 од спортскиот законик и се претпоставува дека судскиот процес против нив ќе се одржи во јуни.
Од друга страна, обвинителот Џузепе Сине го обвини самиот клуб дека го прекршил членот 6 од истиот законик.
Така, клубот се соочува со голем број казни, меѓу кои: опомена, санкција и дополнително одземање на бодови. „Бјанконерите“, соработувајќи со обвинителството, се надеваа дека ќе добијат само парична казна, но обвинителот на федерацијата ги одби овие обиди.
Засега не е јасно колкаво одземање на бодови ќе се бара, но ќе се дознае веќе во понеделник на 22 мај, кога „старата дама“ треба да дознае за нејзината казна во друг финансиски случај, кој ќе важи до сезоната 2022/2023.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal