Капитенот на Галатасарај, Фернандо Муслера, го изрази своето незадоволство од постојаните критики на тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, кон турскиот фудбал и Турската фудбалска федерација. Муслера, кој брани за Галатасарај од 2011 година и си има стекнато статус на легенда во клубот, го повика Мурињо да си замине ако не е задоволен од фудбалот во Турција.
Жозе Мурињо, познат како еден од најуспешните тренери на нашето време, му се приклучи на Фенербахче летово со амбиција да го симне Галатасарај од врвот во турското првенство. Сепак, во последните недели тој постојано ја критикува Турската фудбалска федерација, тврдејќи дека одлуките на судиите го оштетуваат неговиот тим во корист на Галатасарај.
„Се лутам кога гледам тренер кој е тука само четири месеци, а зборува толку многу. Време е некој да му каже: „Ако не ти се допаѓа, оди си!“ – рече Муслера.
Тој додаде дека е сериозно загрижен од континуираните напади на Мурињо како кон судиите, така и кон целиот фудбал во Турција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













