
Португалскиот стратег Жозе Мурињо ќе заработи 30 милиони евра од тригодишниот договор што вчера го потпиша како нов тренер на италијанскиот прволигаш Рома. Тој ќе го преземе кормилото на „волчицата“ од стартот на новата сезона во Серија А.
Телевизијата „Скај Италија“ ги објави финансиските детали од договорот, истакнувајќи дека Жозе Мурињо за три сезони на „Олимпико“ во Рим ќе заработи вкупно 30 милиони евра.
Мурињо првата сезона на клупата на Рома ќе заработи 16 милиони евра, а повеќе од половина од сумата ќе „покрие“ Тотенхем, вкупно 9 милиони евра. За преостанатите две години од договорот, Рома ќе издвојува по 7 милиони евра.
Мурињо официјално ќе седне на клупата на Рома во јули и ќе се врати во Серија А по пауза од 11 години.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас
