Жозе Мурињо и неговиот Фенербахче испратиле официјално барање до Манчестер Јунајтед за можен трансфер на Џејдон Санчо.
Санчо се врати на „Олд Трафорд“ по позајмицата во Челси во сезоната 2024/25. Иако имаше бавен старт во Лондон, англискиот репрезентативец ја врати формата и ја заврши сезоната со 5 голови и 10 асистенции во сите натпреварувања. Тој одигра клучна улога во освојувањето на Конференциската лига и пласманот на Челси во Топ 4, но клубот не се одлучи да го откупи неговиот договор.
По враќањето во Манчестер, 25-годишниот офанзивец најверојатно повторно ќе си замине, бидејќи не влегува во плановите на менаџерот Рубен Аморим.
Покрај интересот од Фенербахче, Санчо е следен и од италијанските гиганти Наполи и Јувентус, но според Сабунџуоглу, новиот шампион на Серија А се повлекол од трката поради високите финансиски барања на фудбалерот.
Санчо сака да најде клуб каде што ќе игра редовно со цел да ја врати формата и да си обезбеди место во репрезентацијата на Англија за Светското првенство во 2026 година под водство на селекторот Томас Тухел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













