Жозе Мурињо доживea тежок удар во својата прва сезона на клупата на Фенербахче. Доведен со цел да ја прекине доминацијата на Галатасарај и со поддршка од управата која инвестираше речиси 70 милиони евра во засилувања, неговата мисија досега се претвори во вистински дебакл.
Фенербахче испадна од националниот Куп, Лигата на Европа и квалификациите за Лигата на шампионите, а по поразот од Бешикташ со 0-1, шансите за титула се практично непостоечки – Галатасарај има осум бода предност на четири кола пред крајот.
Мурињо не го криеше разочарувањето и повторно инсинуираше дека шампионатот бил „одлучен уште пред да почне“. Тој искажа незадоволство од судењето, наведувајќи сомнителни пенали и неискористени шанси, а дел од критиките ги упати и кон сопствените фудбалери.
„Исходот на првенството беше решен уште пред да започне шампионатот. Пресудни беа натпреварите што ги загубивме дома, но исходот на шампионатот беше јасен уште пред неговиот почеток“, истакна Мурињо.
Со оваа изјава, Мурињо повторно ја наметнува темата за наводна пристрасност и неправедност во турскиот фудбал, алудирајќи дека Галатасарај е фаворизиран од страна на судиите и системот.
И покрај медиумскиот притисок, Мурињо одби да говори за својата иднина во клубот, нагласувајќи дека тие се „внатрешни прашања“ и дека тој има почит кон управата и претседателот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













