Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, даде интересна изјава по победата од 1-0 над Јувентус во дербито на колото во Серија А. „Специјалниот“ верува дека неговиот тим може да победи секого кога играчите се целосно фокусирани.
„Ние не сме најдобриот тим на светот и секој пат треба да дадеме сѐ од себе за да победиме. Сè уште не сум го надминал поразот против Кремонезе. Го победивме Јувентус благодарение на правилниот став, а не поради тактичките промени“, нагласи Мурињо.
„Против Јувентус е тешко бидејќи е многу силен и компактен тим. Требаше да останеме назад за да имаме поголем посед. Руи Патрисио во последните минути направи вистинско чудо. Против таков противник ни требаше такво нешто“, призна Мурињо.
„Дали ќе завршиме во топ 4? Рома мора да ја сфати својата граница. Кога не играме на 100%, имаме големи проблеми. Првенството е маратонско. Гледаме дека кога сме сконцентрирани, можеме да победиме дури и тимови како Јувентус“, додаде Мурињо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













