
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, ќе ја одбие понудата да застане на чело на португалската репрезентација, тврди „Скај Спорт Италија“. 59-годишниот стручњак важеше за фаворит за испразнетото работно место од Фернандо Сантош откако „морнарите“ беа елиминирани од СП 2022 година, но тешко дека ќе се постигне договор меѓу двете страни.
Агентот на Мурињо, Жорге Мендеш, имал средба со претседателот на португалската федерација, но во оваа фаза Мурињо претпочита да ја продолжи работата на кормилото на Рома. Тој е врзан за „волчицата“ до 2024 година.
Во меѓувреме, во Бразил имаше информации дека Мурињо ќе добие покана да го преземе „селесао“. За преговорите со Португалецот се очекува самиот да се погрижи претседателот на федерацијата, Едналдо Родригеш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
