Интер бил на чекор од спектакуларно враќање на Жозе Мурињо на тренерската клупа, но турскиот Фенербахче го спречил тоа.
Според информации од Италија, откако Цеск Фабрегас ја одбил понудата на Интер, првиот избор на Џузепе Марота бил токму Мурињо. Португалецот, кој со Интер ја освои историската „триплета“ во 2010 година, бил подготвен веднаш да се врати, без никакви барања за плата – неговиот ентузијазам бил огромен.
Но, проблемот бил што Фенербахче се заштитил со голема откупна клаузула во договорот. Мурињо моментно има важечки двегодишен договор со турскиот клуб и заработува 6 милиони евра по сезона. Ако замине пред истекот на договорот, мора да плати енормна сума – што ја направило мисијата невозможна.
Иако оваа сезона не донесе трофеи за Фенербахче, ниту во Турција, ниту во Европа, и покрај неколкуте скандали, клубот одлучи да го задржи Мурињо. Му било сугерирано да го смири своето его и следната сезона освојувањето на титулата пред Галатасарај да биде императив.
Интер, во меѓувреме, ја реши ситуацијата со назначување на Кристијан Киву, некогашниот дефанзивец и шампион со Интер под водство на Мурињо. Киву, кој досега работеше во младинските категории и кусо време ја тренираше Парма, ќе добие шанса на сениорско ниво.
Ова е уште еден доказ дека фудбалските романтични враќања се можни, но во модерниот фудбал – клаузулите, договорите и клубовите се клучниот фактор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













