
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, ја доби наградата „Маж на годината“ за најголем придонес во спортот. Првиот човек на македонскиот фудбал одлучи наградата да им ја посвети фудбалските репрезентативци на Македонија.
„Многумина сакаат да зборуваат за тоа што требало и што би можело да се направи. Фудбалската федерација на Македонија одлучи дека зборовите нема да останат без дела. Благодарност за наградата „Маж на годината“ посветена на мажите на годината кога е во прашање фудбалот. Признанието го посветувам на целата македонска фудбалска репрезентација. Верувајте во нив. Одново сме подготвени за големи работи”, истакна Муамед Сејдини.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Бенфика?
