Connect with us

Му олесна на Анчелоти: Камавинга не е потешко повреден

Реал Мадрид доби добри вести откако стана јасно дека повредата на играчот од средниот ред Едуардо Камавинга не е сериозна. Францускиот репрезентативец беше принуден да биде заменет на пријателскиот меч против Чиле (3-2).


Камавинга лошо падна и не можеше да го продолжи натпреварот, а во 44. минута беше заменет со Матео Гендузи.

Лекарските тестови покажаа дека играчот од средниот ред нема истегнување и нема да има проблем да игра викендов за „кралевите“.

На 31 март, Реал Мадрид го пречекува Атлетик Билбао во натпревар од Ла Лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови