
Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси ја одби понудата на Ал-Хилал од Саудиска Арабија, која му го даде најголемиот договор во историјата, вреден 400 милиони евра годишно. Според аргентинските медиуми, тој одлучил да остане во европскиот фудбал и најверојатно се враќа во Барселона.
Аргентинскиот „TyC Sports“ пренесува дека Меси им се заблагодарил на челниците на Ал-Хилал за понудата. Одбил 400 милиони евра затоа што има желба да остане во Европа.
Доколку ја прифатеше понудата на Ал-Хилал, платата што би ја имал аргентинскиот волшебник е нешто невидено во светот на професионалниот спорт, каде секако има огромни договори.
Бројките се нереални, затоа што Аргентинецот би заработувал 13 евра во секунда, 771 евро за минута, 46.000 евра на час, 1,1 милиони евра дневно и 33,33 милиони евра месечно. Сепак, Лео Меси не прифати да се пресели во Саудиска Арабија.
Меси во изминатите две сезони во ПСЖ имаше договор од 38 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Иван Ракитиќ става крај на блескавата кариера
