
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) го пречекува големиот фаворит Германија на арената „Тодор Проески“. Ќе биде спектакл сам по себе, гостува четирикратниот светски и трикратниот европски првак, селекција составена од прекалени ѕвезди на најголемите европски гиганти, Нојер, Кимих, Милер, Ројс, Гнабри, Сане, Хаверц, Вернер…Стадионот е распродаден со половина од капацитетот колку што дозволуваат условите во оваа ковид-ера.
Македонија направи сензација во Дуисбург, оствари историска победа над гигантот, а тоа барем малку ги подгрева надежите дека на овој голем македонски празник – 11 Октомври, фудбалскиот национален тим може уште еднаш да ја израдува нацијата.
Штом можевме во Дуисбург, можеме и во Скопје. Нема сомнеж дека Германците се многу моќни и дека ќе сторат се за да го добијат мечот, но и ние сме силни. Веќе го имаме покажано тоа.

Селекторот Благоја Милевски е умерен во најавите, но, сепак, вели дека за многу нешта и Македонија ќе се прашува на овој дуел.
„Дали можеме да одиграме идеален меч? Мора да сме на највисоко ниво, од тактичка смисла. Поединечно и тимски. Го респектираме противникот, одличен тим, одлични поединци, но за многу нешта ќе се прашува и Македонија“, потенцира Милевски.
Капитенот Стефан Ристовски знае дека ќе биде ѓаволски тешко да се направи нов успех против Германците, но вели дека Македонија ќе се обиде да го искористи сето тоа што ќе и се пружи на мечот.
„Спортски е да се надеваш на успех, но секој меч, секој ден е нешто ново. Мора да го заборавиме тоа во Дуизбург. Како искусен играч мора да кажам дека мора да се искористи се што ќе ни се пружи“, вели Стефан Ристовски.
Натпреварот меѓу Македонија и Германија ќе се одигра вечерва, со почеток во 20.45 часот, а ќе го суди Дани Макели од Холандија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал
