Шкендија не знае за пораз во новиот шампионат и доаѓа во Скопје како актуелен лидер. Во некои други времиња, би се „треселе“ избраниците на Ернест Ѓока пред големото дерби, но сега важат за големи фаворити против подмладениот состав на Вардар.
Може ли тимот на Александар Васоски сепак да изненади и да и го нанесе првиот пораз на Шкендија во првенството? Се надеваат во редовите на најтрофејниот клуб, најавуваат голема борба и истакнуваат дека добро ја искористиле паузата за да се подготват за предизвиците што претстојат.
Вардар набрзина „скрпи“ тим по долгото очајно лето во кое не се знаеше дали Сергеј Самсоненко и раководството ќе останат во клубот. Доведени беа неколку засилувања пред самиот истек на преодниот рок, а Васоски дури сега ќе може да ги вклопи и да искористи дел од нив во ростерот. Од таа страна секако дека репрезентативната пауза беше добредојдена за вардарци.
Искуството во овој момент секако е на страната на Шкендија, но мотивите и за желбата за докажување се адутите на Вардар. Пресметката започнува во 14.30 часот на арената „Тодор Проески“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













