Сензацијата Мароко е следниот противник на Португалија на Светското првенство во Катар. Двата тима се соочуваат во четвртфиналниот натпревар кој започнува во 16 часот на стадионот „Ал Тумама“ во Доха.
Селекцијата од Северна Африка го заслужи своето место во оваа фаза по првото место во групата со Белгија и големиот успех над Шпанија подоцна во осминафиналето.
„Лавовите“ се дел од малкуте преостанати непоразени состави на Мундијалот. Тие импресионираа со нивната дефанзивна игра, примија само еден гол во четири натпревари. Имаат и одличен голман во Јасин Бону, кој ги исфрустрира Шпанците во пенал рулетот.
Португалија, исто така, ја освои својата група, иако загуби од Јужна Кореја. Сепак, тимот „експлодира“ во осминафиналето против Швајцарија, постигнувајќи шест гола. Многу врева се крена, а и сè уште продолжува да се врти околу името на Кристијано Роналдо, кој не беше стартер на последниот натпревар.
Гонзало Рамош, кој влесе на неговото место, постигна хет-трик, кој се чини дека сега му гарантира место во стартните 11 и за денешниот дуел.
Мароко има предност пред сите други селекции што се потпира на поддршката од локалните навивачи, што ги прави натпреварите слични на домашни. Покрај тоа, тимот се бори да стане првиот африкански претставник во полуфиналето на едно Светско првенство.
Победникот од овој натпревар во полуфиналето ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Франција и Англија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













