Connect with us

Монца во финишот ја поништи победата на Интер (ВИДЕО)

Интер по 17 кола првпат ремизираше во Серија А, а за тоа заслужна е Монца која не дозволи гостите да заминат со триумф и стигна до 2-2 во судиското продолжение од мечот. Лука Калдирола во 93.минута постигна гол за израмнување.

Дармијан во десеттата минута донесе водство за Интер, но веќе во следниот напад Монца израмни преку Патрик Курија.

Лаутаро Мартинез во 22.минута повторно го доведе Интер во водство, а тоа траеше сѐ до судиското продолжение. На крајот, сепак, Монца стигна до бод.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови