Connect with us

Момче од Македонија го доби дресот на Мбапе по мечот со Лас Палмас (ФОТО)

Најпопуларниот фудбалски клуб во светот, Реал Мадрид, редовно привлекува огромно внимание со своите ѕвезди, а натпреварите на „кралевите“ се познати по строгите безбедносни мерки. Сепак, понекогаш се случуваат пропусти кои дозволуваат незаборавни моменти, како вчерашниот со момчето од Македонија, Реис Фејзи.

По победата на Реал Мадрид над Лас Палмас со 4-1, во која Килијан Мбапе блескаше со два гола, младото момче од селото Камењане, близу Тетово, успеа да се пробие низ обезбедувањето и да му се приближи на својот идол.

Мбапе, кој во последно време е во одлична форма и редовно постигнува голови, првично беше изненаден од ситуацијата. Додека обезбедувањето се обидуваше да го отстрани момчето, Реис почнал да плаче и му кажал на француската суперѕвезда дека има само една желба – неговиот дрес.

Мбапе, покажувајќи го својот карактер и емпатија, му ја исполни желбата на малиот фан. Надвор од „Сантијаго Бернабеу“, Реис гордо позираше со дресот на Мбапе, момент кој сигурно ќе го памети цел живот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови