Капитенот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, зборуваше по победата на неговиот тим со 2-0 против Џирона во натпревар од 25. коло на шпанската Ла Лига.
„Мора да ја продолжиме битката. Одигравме добар натпревар по онаа голема вечер пред неколку дена… и не е лесно – по толку исцрпувачки меч да ја вратите мотивацијата и да одиграте уште еден добар натпревар, но успеавме. Кога играте за Реал Мадрид, мора да го правите тоа секоја вечер кога излегувате на теренот“, изјави Модриќ.
Со оваа победа, Реал Мадрид се израмни на врвот со Барселона, при што само гол-разликата ги дели двата ривалa.
„Последните натпревари говорат сами за себе, но мора да продолжиме во ист ритам. Не смееме да забавиме или да се опуштиме. Среќни сме, но сакаме повеќе, бидејќи како тим имаме уште простор за напредок“, додаде хрватскиот плејмејкер.
Модриќ имаше голем удел во победата, отворајќи го резултатот во 41. минута.
„Ова е прекрасен гол, а да го постигнеш на „Бернабеу“ е нешто посебно. Пред нашите навивачи секогаш е специјално“, заврши Модриќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













