
Лука Модриќ, капитенот на хрватската репрезентација, тешко го поднесе убедливиот пораз од Аргентина со 3:0 во полуфиналето на Светското првенство во Катар.
Асот на Реал Мадрид смета дека судијата Даниеле Орсато одиграл значајна улога во триумфот на Аргентинците.
„Бевме добри, ја контролиравме играта, а потоа следуваше корнер, кој судијата не ни го додели и пенал, за кој мислам дека не требаше да биде досуден. Тоа промени сè. Не ми се верува дека го досуди тој пенал. Но, тоа не можеме да го промениме. Мора да се опоравиме и да се обидеме да победиме на следниот натпревар“, изјави Модриќ.
Модриќ сепак истакн дека Аргентина заслужила да оди во финалето.
„Аргентина победи фер, тие беа подобри, го заслужија тоа, но мора да се споменат некои работи, што јас не го правам многу често. Не сакам да зборувам за судии, но овој е еден од најлошите кои ми суделе. Нема да го паметам по добро, беше катастрофален. За мене тоа не е пенал“, смета Модриќ.
Капитенот на Хрватска вели дека мечот за бронза не е „казна“.
„Имавме одлично Светско првенство, а сега е во прашање бронзениот медал. Мора добро да се подготвиме. И тоа е добар успех“, изјави Модриќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Евро-фудбал
Милош Керкез е најновото засилување на Ливерпул
