
Барселона победи кај Реал Мадрид со 0-1 со автоголот на Едгар Милитао во првиот полуфинален натпревар од Копа дел Реј. Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ, кој одигра 84 минути за „кралевите“, вели дека Барселона победила на неверојатно среќен начин.
„Штета е… Создадовме многу шанси, но не можевме да ги искористиме. Игравме добро, но не бевме прецизни пред голот. Штета што не успеавме да реализираме барем една шанса во гол и да заминеме во Барселона со реми. Но, ние сме мирни и одиме таму за да победиме“, изјави Модриќ.
„Барселона победи, но ние бевме подобри. Верувам во мојот тим, можеме да победиме во реваншот и да се пласираме во финалето“, истакна фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
